Би сакале да ве информираме дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/2020 од ден 01.05.2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.

Согласно оваа Уредба се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување.

Работодавачот кој одјавил работник од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, може да склучи спогодба за враќање на работа. Со спогодбата работодавачот се обврзува да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работниот однос од денот на одјавата на работникот од задолжително социјално осигурување до денот на склучувањето на спогодбата.

Пријавувањето во системот на задолжително социјално осигурување на работникот во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија се врши најдоцна до 7 мај 2020 година. Доколку работникот не ја потпише спогодбата работодавачот може на негово место да пријави ново лице од евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и со истото да склучи договор за вработување и да го пријави во системот за задолжително социјално осигурување во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија најдоцна до 7 мај 2020 година.”

Што е потребно да преземете од Ваша страна?

Работодавачите кои ќе се согласат на ретроактивно вработување на лицата на кои им престанал работниот однос во периодот од 11 март до 30 април, тоа ќе можат да го направат до 7 мај, и на тој начин да ги исполнат критериумите за да се стекнат со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај.

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик.  ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.