За РСМ Интернатионал
Водечки светски давател на ревизорски, даночни и консултантски услуги на глобални претприемачки организации фокусирани на растеж.
РСМ е моќна мрежа на ревизорски, даночни и консултантски експерти со канцеларии низ целиот свет. Како сплотен тим, споделуваме вештини, мислења и ресурси, како и пристап фокусиран на клиентот којшто се базира на длабоко разбирање на вашиот бизнис. На тој начин ве поттикнуваме да се движите напред со самодоверба и да го разберете вашиот целосен потенцијал. Ова е моќта на тоа да се биде разбран.
Ви даваме самодоверба
Нашите фирми се тука да ве советуваат за голем дијапазон на проблематики од областа на ревизија и уверување, консултантство, даноци, советување за ризици, IFRS (Меѓународни стандарди за финансиски извештаи), реструктурирање, трансакции и бизнис и решенија за финансиско советување. Иако ова се основните услуги, нашите фирми-членки исто така нудат широк спектар на специјализирани услуги, како што се менаџирање на богатството, ИТ консултации, правно советување, форензичко сметководство и консултантство од областа на човечките ресурси.
Навлегуваме во суштината на вашиот бизнис каде што можеме да бидеме и најефикасни. Како ваш долгорочен советник се здобиваме со длабоко разбирање на секој аспект од вашиот бизнис за да можеме да одговориме со вистинската експертиза и согледби во вистинско време. Каде и да сте во светот, ќе добиете беспрекорна услуга преку комбинирање на нашето јасно познавање на локалните услови и глобалната експертиза од нашите најискусни стручњаци. Целосно сме посветени на вашиот успех и на поттикнувањето на вашата оспособеност да се соочите со иднината со самодоверба.
Интересни податоци:
- Имаме фирми во преку 120 држави и истите се во врвните 40 главни бизнис центри во светот.
- Имаме вкупен персонал од преку 64,000.
- Имаме повеќе од 830 канцеларии во Америка, Европа, МЕНА, Африка и Азискиот Пацифик
Делокругот на нашите клиенти се движи од претприемнички бизниси фокусирани на растежот до водечки мултинационални организации во многу сектори кои дејствуваат и на национално и на меѓународно ниво.
Фокусираност на надминување на очекувањата
РСМ верува во давање на клиентот што е можно повеќе. Повеќе разбирање. Повеќе експертиза. Повеќе сигурност.
Соработка на глобално и локално ниво – Веруваме во давање доследни услуги за сите наши клиенти што далеку ќе ги надминат нивните очекувања, без оглед на тоа каде се светот. Тоа значи поддршка за вас со експертиза од локална перспектива, комбинирана со меѓународно знаење и согледби на нашите светски стручњаци. Оваа двојна перспектива ви ја дава моќта со чувство на сигурност да се соочите со иднината.
Искусна експертиза, идеи и согледби – Веруваме дека секој од нашите клиенти заслужува пристап до драгоценото знаење и компетентноста на нашите најискусни светски стручњаци во познавањето на нашата индустрија. Без разлика дали сте мало или средно претпријатие или мултинационална компанија, секогаш може да се потпрете на најновите размислувања на некои од нашите најпочитувани практичари. Горди сме да ја споделиме нивната експертиза со вас, одговарајќи со брзина и агилност за да го пресретнете секој нов предизвик обезбедени со релевантно знаење и согледби.
Разбирање на нашите клиенти – Врските со нашите клиенти се засноваат на взаемна почит и соработка. Ќе се внесеме во вашиот бизнис за да се здобиеме со подлабоко разбирање на тоа кој сте вие, во што верувате и кои се вашите мотиви. Ќе извршиме целосна анализа на вашиот пазар, законите и обичаите за да ги идентификуваме можностите или предизвиците со кои може да се соочите уште и пред да се појават. Со целосно разбирање на вашите цели и мерки за успех може да ве направиме посилни и да ви овозможиме низ целиот пат – максимализација на вашиот потенцијал.