Ве известуваме дека на владина седница од 27.09.2020 година се донесени следните економски мерки за надминување на економските последиците од Корона вирусот COVID-19:
Мерка 1: Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.
- Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари.
-
Компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени кој го имале заклучно со 31 јули 2020 година.
Мерка 2: Платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.
Мерка 3: Зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-19.
- Дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.
Мерка 4: Нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија.
Мерка 5: Поддршка со плати за туристичките водичи.
- На туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари.
Мерка 6: Сектор туризам - Поврат на туристичката такса за 2019 година.
Мерка 7: Грантови за туристички агенции.
Мерка 8: Намалување и/или укинување на парафискалните давачки.
Мерка 9: Грантови за ресторани за свадби.
Мерка 10: Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница.
Мерка 11: Грантови за игротеки за деца.
Мерка 12: Поддршка за занаетчиите.
- Намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5%
Мерка 13: Државна кредитна гаранција.
- На располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства
Мерка 14: Државна царинска гаранција.
Мерка 15: Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.
Мерка 16: Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината.
Мерка 17: Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка.
- Одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.
Мерка 18: Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци.
Мерка 19: Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци.
- Услугите ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%
Мерка 20: Одложено плаќање на ДДВ.
- Одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата.
Мерка 21: Бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители.
Мерка 22: Зголемување на периодот за покривање на загуби на терет на идни добивки.
- Ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на терет на идни добивки до пет години.
Мерка 23: Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход.
Мерка 24: Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход.
Мерка 25: Признавање на расходите за тестирање од КОВИД – 19 како признаен расход.
Мерка 26: Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали.
Мерка 27: Поддршка за развој на човечкиот капитал.
- Ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг.
Мерка 28: Поддршка на откуп на грозје од реколта 2020 година.
Мерка 29: Сектор игри на среќа.
- Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа.