Политика и цели за квалитет

Нашата мисија е да ја следиме политиката и принципите на РСМ, и како нејзин достоен и составен дел да нудиме услуги со висок квалитет, кои во најголема мера ги задоволуваат барањата на нашите клиенти.

 

Ние ја преземаме одговорноста за постојано подобрување на услугите и ги почитуваме следниве основни принципи утврдени во нашата политика за квалитет:

Насоченост кон корисниците – ја сфаќаме одговорноста и се стремиме да ги задоволиме во максимална мера сегашните и идните потреби на сите заинтересирани страни, притоа почитувајќи ги важечките законски и регулаторни барања;

Лидерство на раководството – ја сфаќаме одговорноста за дизајнирање, имплементирање и одржување на систем за менаџмент со квалитетот; 

Посветеност на луѓето  - ќе се стремиме да создаваме соодветни услови, стимулирајќи ги вработените на РСМ потполно да учествуваат и даваат иницијатива при спроведување на активностите. Сметаме дека највредниот ресурс на РСМ се луѓето. Управуваме со нивната способност, мотивација и задоволство и се стремиме да создадеме атмосфера во која луѓето ќе бидат целосно посветени на постигнувањето на целите на РСМ;

Процесен и системски пристап - понудените услуги од РСМ се резултат на меѓусебно поврзани основни и дополнителни процеси кои се разгледуваат и управуваат како систем, а не индивидуално;

Постојаното подобрување е основна цел на Системот за менаџмент на квалитет, кое може да се постигне преку постојано следење на текот на процесите и преземање на ефективни корективни и превентивни мерки;

Донесување на одлуки на основа на факти - системот за комуникација, управување со документи и записи за квалитет овозможуваат донесување на одлуки на основа на факти;

Меѓусебно корисни односи со добавувачите - за обезбедување на висококвалитетни услуги, РСМ ќе соработува само со добавувачите, кои го докажале квалитетот на своите производи.

 

Ние, раководството на РСМ се определуваме за постојано подобрување на дејноста на нашата компанија и задоволување на потребите на клиентите. Постигнување на главната цел ќе се остварува преку постигнување на специфични цели на РСМ, односно:

Постојан развој и подобрување на СМК; 

Проширување на обемот на активностите;

Развој и имплементација на нови услуги и подобрување на постоечките;

Системско намалување на обемот на неусогласени производи;

Имплементација на нови технологии и опрема и одржување на високо техничко ниво на постојните;

Задоволување на барањата на клиентите во однос на квалитетот;

Создавање на услови за развој на компетенциите на вработените.

 

Раководството на РСМ изјавува дека:

Ќе работи врз основа на принципите за објективност, компетентност, одговорност, отвореност, чување на деловна тајна и посветеност при разгледување на жалбите и приговорите кои одговараат на интересите на нашите клиенти и ќе ги направи наши постојани партнери.

Ќе располага со потребните ресурси за имплементација, одржување и развој на Системот за менаџмент со квалитетот (СМК).

• Ќе се грижи за имплементираниот СМК да функционира во согласност со барањата на МКС ЕN ISO 9001:2015 и

• Ќе ги запознае вработените на РСМ со политиката и целите за квалитет и ќе бара тие да ги применуваат документите од СМК и да одговараат за квалитетот на резултатите на своите активности.

 

 

 

Скопје,   29.11.2024    

 

Раководител на РСМ

 

Јаглика Јорданова Андријеска