Пресметка на плата и администрација на човечки ресурси

Ние сме тим на професионалци кои се горди на својот начин на размислување кој е насочен кон решавање на проблемите, пристапот кон предизвиците и пасијата кон одржливи, креативни, иновативни и долгорочни решенија. РСМ Македонија е  друштво  активно на пазарот повеќе од 15 години, и обезбедува широк спектар на услуги во областа на ревизијата, даноците, сметководството и пресметката на плати. Во рамките на овие услуги развивме силен тим за пресметка на плати и поддршка за ЧР со капацитет за  опслужување клиенти од најразлични индустрии и големини. Навремената, оптимизирана и потполна услуга за компании со стотици дури и илјадници вработени е наша секојдневна пракса. За таа цел низ годините инвестиравме во развој на системи кои ќе овозможат соодветна испорака на услугата и ќе направат нашите клиенти да се чувствуваат безбедно и во добри раце.  РСМ Македонија ќе го рационализира начинот на кој што ја вршите пресметката на плати со што ќе ви овозможи да се фокусирате на вашиот основен бизнис.

Пресметка на плата и администрација на човечки ресурси Presmetka na plata i administracija na covecki resursi

Пресметка на плата

Поседуваме големо искуство и знаење во областите на имплементација и оперативно работење на целосни системи за пресметка на плати за мали, средни и големи организации од јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Нашите капацитети за имплементација и обработка на податоците осигуруваат сигурна, брза и стабилна услуга за пресметка на плати, резултирајќи во задоволни вработени и менаџмент.

Предностите на користење на надворешни услуги за пресметка на плата кај нас се повеќебројни. Некои од нив се:

  • Пониски трошоци
  • Одвојување на осетливи податоци од внатрешната структура
  • Зголемена сигурност на податоците
  • Редовни известувања за промени на релевантна легислатива

Грижата за вашиот процес на пресметка на плати со должно внимание е една од нашите врвни способности.

РСМ Македонија е и единствениот партнер на ADP Streamline и ADP Celergo во Северна Македонија, што ја потврдува нашата водечка позиција на пазарот на овие услуги.

ADP е најголемата компанија во светот од областа на пресметка на плати и менаџмент на човечки капитал.

Можеме да ви понудиме систематично решение за суштинските и споредните процеси во областа на пресметката на плати:

  • Месечна пресметка на плата, придонеси и персонален данок врз основа на влезни податоци на одработени часови, користени отсуства, одмори, боледувања, пресметани бонуси и провизии кои произлегуваат од работењето на вработените, итн;
  • Подготовка на годишни даночни пресметки потребни за потврдување пред даночните власти;
  • Подготовка на месечни извештаи поврзани со пресметка на плата, придонеси и персонален данок, прилагодени според барањата на клиентот;
  • Подготовка на пресметки за плаќања на данок на личен доход (плаќања кон физички лица - согласно Договор за деловно - техничка соработка, договор за услуги и слично);
  • Поддршка за административни услуги - подготовка на потребни докменти за аплицирање за банкарски кредит на вработените, административни документи, патни налози и исплаќање на дневници за службени патувања;

Администрација на човечки ресурси

Соочувајќи се со голем број на луѓе, нивните барања и желби го оставаат експертот за човечки ресурси (ЧР) да се бори за време да се фокусира на клучни работи на неговата/нејзината професија. Денешниот сектор за ЧР е во прва линија во компанијата кога се работи за комуникацијата на раководството, развој на луѓе и тимови кон стандардите и целите на компанијата, разбирањето и слушањето на вработените, комуникација во нивоата на раководството и сл.

Нашите услуги вклучуваат:

  • Пријавување/одјавување на вработени во АВРМ;
  • Пријавување/одјавување на вработени во Фонд за здравство;
  • Управување со присуства и отсуства;
  • Изготвување потврди или извештаи поврзани со пресметка на плата на барање на вработените за законски или приватни потреби;
  • Управување со решенија за присилна наплата;
  • Изготување и преглед на секаков вид на договори од областа на трудот, анекси, спогодби, решенија и интерни акти;
  • Консултација за работи поврзани со колективни договори од приватниот и јавниот сектор;
  • Работни дозволи - Обезбедување и обновување на работни дозволи за странци.

Регрутација на вработени

Луѓето во вашата компанија ја прават разликата меѓу успешен и неуспешен бизнис. Ние во РСМ Македонија имаме искуство во регрутација на вработени и можеме да ви помогнеме да ги изберете најдобрите и најсоодветните луѓе за вашата компанија. Придонесот на секој еден вработен е од голема важност за одржувањето и растот на една компанија. Затоа е многу важно да се одбере вистинското лице за секоја позиција. Ние го покриваме целиот циклус на регрутирање:

  • Подготовка на план за регрутација
  • Советување при креирање на опис на работната позиција
  • Објавување на оглас за позиција
  • Прибирање на аппликации
  • Разгледување и оценување на примените апликации
  • Обезбедување на листа на потенцијални кандидати за разгледување и оценување од страна на клиентот
  • Регистрација на одбраниот кандидат во локалните системи за пресметка на плати, придонеси и персонален данок
  • Администрација на месечна пресметка на плата за одбраниот/одбраните кандидати

Систем за пресметка на плата

 


 

Контактирајте нѐ на [email protected], или на +389 (0) 2 3233 301.

Доколку не сте во можност да ни пратите email порака или да не контактирате по телефон, со пополнување на контакт формата подолу ќе стапиме во контакт со Вас.