Никола Гугувчевски, Магистер на науки од областа на претприемништвото и развој на човечките ресурси во организациите.
Постар соработник во ИТ и Процесирање на податоци во Друштво за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ со повеќе од 7 годишно искуство во областа на човечки ресурси, администрација, регрутација на кадар, регистрирање на фирми, изработка на процени од различни области. Никола е особено одговорен за вршење на процени од областа на подвижен и недвижен имот, машини и опрема, транспортни средства, основачки влогови на друштва и успешно ги делегира, а врши и мониторинг врз истите. Професионалното искуство му е во човечки ресурси, а од 2020 година учествува и во пресметка на плата, HR outsourcing услуги за клиентите за кои пресметува плата, изработка на извештаи, обработка на податоци, подготовка на извештаи за плата и испраќање на истите до клиентите кои му се доделени.Повеќе од 4 години работно искуство во областа на процени од подвижен и недвижен имот и информатичка опрема, искуство во областа на човечки ресурси и администрација.