Широчината и длабочината на комплексното знаење.
Како што нивото на потрошувачката расте и климатските промени создаваат нови предизвици, енергетскиот сектор глобално е во состојба на постојано менување. Разликите во даночната легислатива, растечките трошоци поврзани со големи проекти и зголемените еколошки и безбедносни барања може да претставуваат значаен предизвик за организации кои бараат растеж на постоечката оператива и ширење во нови полиња.
Во мрежата како целина работиме со меѓународни бизниси на светско ниво со цел да се зафатиме со енергетските проблеми на денешницата, но и за да се предвидат проблемите што доаѓаат во иднина.