Ревизија, ИТ Ревизија, Revizija, IT Revizija

Ревизија

Луѓето се онолку добри колку и алатките што ги поседуваат. Затоа, за постојано да даваме високо квалитетни ревизорски услуги, секогаш инвестираме во иновативни ревизорски методи. Ги следиме најновите трендови за да можеме да ги проследиме најновите достигнувања и да ги споделуваме во нашата мрежа. Постојано внимавање на можните ризици е секогаш на прво место. Заради тоа посветуваме значително внимание и ресурси за да бидеме сигурни дека нашите методи се во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија.

Ревизија на финансиски извештаи

Основна дејност на РСМ Македонија е ревизија на финансиски извештаи. Ја обезбедуваме оваа услуга за различни видови на организации. Нашиот тим има комбинирано искуство од многу различни индустрии и типови на организациии. Од мали до големи, од услужни до производни, јавни и приватни, ние можеме да Ве услужиме со највисок квалитет и знаење.

Ревизија на усогласноста на постапките

РСМ Македонија врши и посебни договорни ревизорски услуги, како што се ревизија и контрола на финансиски извештаи, извештаи на усогласеност, итн. за трговски друштва и други правни лица.

Ревизија на работењето

Нудиме ревизија на финансиски извештаи и консолидирани финансиски извештаи на компании, осигурителни компании, невладини и непрофитни организации, финансиски институции, јавни друштва и институции,  ревизија на проекти.

ISA - Меѓународни стандарди за ревизија

Во нашето работење се водиме според Меѓународните стандарди за ревизија (МСР / ISA) објавени од страна на Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ / IAASB) во склоп на Меѓународната федерација на сметководители (МФС / IFAC).

IFAC ISRS 4400 - Меѓународни стандарди за поврзани услуги

Воедно, имаме акумулирано знаење и обемно искуство со ревизија на проекти и програми финансирани од страна на домашни и странски донатори, а во согласност со меѓународниот стандард за поврзани услуги МСПУ 4400 (ISRS 4400).

ИТ Ревизија - ИНФОРМАЦИСКА И ИНФОРМАТИЧКА БЕЗБЕДОНСТ 

Во технолошка средина која што постојно се менува, компаниите се соочени со дигитализација и автоматизација. Во тој процес, честопати недоволно внимание се дава на ризикот поврзан со имплементацијата на ИТ системи и дигитално зајакнатите процеси. Соодветно изменаџиран и безбеден тек на податоците и нивното складирање можат да бидат суштински во опстојувањето и континуитетот на целата организација.

Ние во РСМ целиме кон тоа да бидеме предводници на технолошкиот напредок во информатичка безбедност и менаџмент. Нашите консултанти ќе ви дадат значаен увид или ќе ви го обезбедат многу потребниот надзор на вашите имплементирани системи, процеси и контроли. Опсегот на нашите услуги, помеѓу другите, вклучува:

ИТ Ревизија (CISA сертифицирани ревизори)

Оценување на нивото на сајбер безбедноста во организацијата

Пенетрациско тестирање и оценка на ранливости на системите

Развој на процедури за информациска безбедност

Бизнис континуитет и планирање за опоравување од катастрофи на ИТ системи

Советување во процесот на стекнување, развој и имплементација

 

Побарајте понуда на нашата веб форма или контактирајте нѐ на [email protected], или на +389 (0) 2 3233 301.

Контактирајте нѐ на [email protected], или на +389 (0) 2 3233 301.

Доколку не сте во можност да ни пратите email порака или да не контактирате по телефон, со пополнување на контакт формата подолу ќе стапиме во контакт со Вас.