accounting

Нашите сметководствени услуги ги нудиме на клиенти кои бараат висок стандард на работење и имаат потреба за меѓународно известување, истовремено одржувајќи и усогласеност со локалната законска регулатива.

Нудиме финансиско известување во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ / IFRS) за локални потреби како и кон поврзани компании.

Спојувајќи ги искуствата од ревизија и сметководство ние постојано ја надградуваме нашата експертиза со најновите добри практики во двете области. Нашиот тим е искусен и во осмислување и имплементација на целосни сметководствени и ИТ системи.

Заради обезбедување на сигурна и брза услуга, ние во РСМ целиме кон интегрирани и системски решенија. При воведување на истите, работиме заедно со нашите клиенти за да обезбедиме најдобра можна поврзаност помеѓу нивните желби и потреби и имплементираниот систем

Водење на деловодни книги

Подготовка на извештаи во согласонст со МСФИ - Меѓународните стандарди за финансиско известување

Советување при имплементација на сметководствени и информациски системи

Воспоставување на сметководствени политики и постапки на работа

Подготовка на буџет, периодични финансиски извештаи и периодични финансиски анализи

Подготовка на сметководствени процедури

 

Контактирајте нѐ на [email protected], или на +389 (0) 2 3233 301.

Контактирајте нѐ на [email protected], или на +389 (0) 2 3233 301.

Доколку не сте во можност да ни пратите email порака или да не контактирате по телефон, со пополнување на контакт формата подолу ќе стапиме во контакт со Вас.