Сметководител - раководител на тим
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место: Сметководител - раководител на тим за канцеларија во Скопје:
Опис на работно место
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Одговорен за иницијалната комуникација со новиот клиент во процесот на преземање/започнување на сметководство;
- Врши мониторинг и контрола на работата на вработените во секторот и генерално на процесот на сметководство;
- Донесува одлуки за специфични прашања поврзани со работата;
Критериуми за работно место
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование – Економски факултет;
- Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
- Работно искуство од минимум 5 години;
- Добро познавање на работа со сметководствени програми;
- Владеење на странски јазик – англиски;
- Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став.
Вашата професионална биографија и мотивационо писмо, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование или дополнителни сертификати и уверенија можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [email protected] со задолжителна назнака „За работно место: Сметководител - раководител на тим“
Датум на огласот: 20.2.2019
Прием на апликации до: 20.3.2019
Огласот трае до 20.3.2019, а изборот ќе се изврши во рок од 30 работни дена по истекот на рокот за пријавување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул.„Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје
Контакт телефон: +38923233301