Во “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.88/2020 од ден 03.04.2020, објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за минимална плата со која се утврдува висината на минималната нето плата за месеците април, мај и јуни 2020 година.

 

Согласно уредбата, висината на минималната нето плата за месеците април, мај и јуни 2020 година ќе изнесува 14.500,00 денари, додека пак, во бруто износ ќе изнесува 21.107,00 денари.

 

Законот за минимална плата во Република Северна Македонија ќе се применува за време на траење на вонредната состојба.

 

Оваа Уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик.  ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.