Министерството за труд и социјална политика во Службен весник број 126/18 ја објави новата прилагодена висина на минималната плата во бруто износ на ниво на Република Македонија. За периодот од јули 2018 година, заклучно со исплатата на платата за месец март 2019 година најниската бруто плата изнесува 17.370,00 денари.
Согласно новитe измени на Законот за минимална плата во Република Македонија, кои стапија на сила од септември 2017 година, беше предвидено прилагодување на минималната бруто плата, во јули 2018, а потоа во март секоја наредна година.
Прилагодувањето на минималната плата се пресметува врз основа на три компоненти:
- една третина од порастот на просечно исплатената плата во Република Македонија,
- една третина од порастот на индексот на трошоците на живот и
- една третина од реалниот пораст на бруто домашниот производ, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Дополнително, би сакале да нагласиме дека со одлука на Уставниот суд, се укинува исполнување на нормиран учинок како услов за добивање на минимална плата.
Што е потребно да превземат организациите?
- Доколку во Вашата организација се пресметуваат плати пониски од ново објавената минимална плата, односно во бруто износ пониски од 17.370,00 денари, тогаш потребно ќе биде:
- Промена на договорот за вработување со анекс кон договорот;
- Пресметка на повисока бруто плата за месец јули 2018 година согласно анексот.
- Во спротивно, доколку во Вашата организација платите кои што ги пресметувате се над минималниот бруто износ, односно повисоки од 17.370,00 денари, не е потребна никаква акција од Ваша страна
Во продолжение споредбена табела на претходната и новата минимална плата