Асистент во секторот за пресметка на плата и Помошник ревизор
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за две (2) работни места: „Асистент за пресметка на плата и “Помошник ревизор за канцеларија во Скопје:
Опис на работно место:
1. Асистент во секторот за пресметка на плата
Вработениот ќе ги има следниве работни задачи:
- Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на добиени месечни варијабилни податоци
- Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
- Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
- Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
- Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;
Критериуми за работно место бр.1:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование;
- Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
- Добри познавања од областа на ИТ;
- Владеење на странски јазик – англиски;
- Добри аналитички способности;
- Уредност;
- Одговорност;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став.
2. „Помошник ревизор без работно искуство“
Вработениот на ова работно место ќе ги има следниве работни задачи:
- Помага во вршење на активностите на ревизијата, извршувањето независни, објективни уверувања и советодавни активности,
- имплементација на политиките, упатствата и процедурите за спроведување на ревизија на процесите и други редовни операции;
- Извршува целосни ревизорски тестирања, подготвува работни документи за соодветно архивиран и поддржан процес на ревизија, тестирање и добиени резултати;
- Известува за сите наоди во врска со предметот на ревизија,
- Ги следи и почитува прописите и работните постапки, како и информациите и документацијата обезбедена од страна на управителот;
- врши и други работи поврзани со спроведувањето на ревизијата.
Критериуми за работно место бр.2:
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование – Економски факултет;
- Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
- Владеење на странски јазик – англиски;
- Добри аналитички способности, уредност, одговорност;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став;
Вашите професионални биографии како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [email protected] со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате „За работно место: 1. Асистент за пресметка на плати без работно искуство“ или 2. Помошник ревизор без работно искуство“
Датум на огласот: 03.12.2019
Прием на апликации до:13.12.2019
Огласот трае до 13.12.2019 година, а изборот ќе се изврши преку претходно тестирање, во определен рок согласно бројот на пријавени кандидати како и Законот за работни односи на Република Северна Македонија.
• САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
• РСМ е секогаш отворен за соработка со млади и вредни ентузијасти, кои сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул. „Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје
Контакт телефон: +38923233301