Податоци за плата и надоместоци од работен однос
Податоци за пресметка на плата во 2020 година
Податоци за пресметка на плата во 2020 година |
||
Просечна плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2020 година
|
38.319,00
|
|
Најниска основица за пресметка на придонеси за 2020 година (50% од 38.319)
|
19.160,00
|
|
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година (16 x 38.319)
|
За примањата од работен однос (плати)
|
613.104,00 *1
|
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година (12 x 38.319)
|
За самовработено лице и трговец поединец
|
459.828,00
|
Месечно даночно намалување (лично ослободување) за 2020 година
|
8.228,00*2
|
|
Минимална бруто плата за периодот 07.2020 - 03.2021 година |
21.776,00
|
|
Минимална нето плата за периодот 07.2020 - 03.2021 година
|
14.934,00
|
*1: Највисоката основица за плаќање на придонеси за 2020 година е пропишана со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на РМ”, број 142/08…247/18).
*2: Даночно намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данок на личен доход, за 2020 година на годишно ниво, изнесува 98.736,00 денари.
Преглед на стапки на социјални придонеси на плати и данок на доход во 2020 година |
|
Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување |
18.80% |
Придонес за задолжително здравствено осигурување |
7.50% |
Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување |
0.50% |
Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност (придонес за вработување) |
1.20% |
Вкупно придонеси |
28% |
Данок на доход (единствена даночна стапка) |
10,00%*3 |
*3: Согласно „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 од ден 27.12.2019, од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година данокот на доход ќе се пресметува со рамна даночна стапка од 10% (односно прогресивниот данок ќе биде ставен во мирување). Со стапка од 15% се оданочува доходот остварен од добивки на игри на среќа, додека сите останати видови доход се оданочуваат во стапка од 10%.
Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот ноември 2020 - декември 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.11.2020 година
Просечна исплатена плата во месецот по вработен
Месец |
Бруто плата |
Нето плата |
Датум на соопштение од Државен завод за статистика |
Септември 2020 |
40.913 |
27.405 |
20.11.2020 |
Август 2020 |
41.070 |
27.535 |
22.10.2020 |
Јули 2020 |
40.640 |
27.231 |
21.09.2020 |
Јуни 2020 |
40.107 |
26,867 |
20.08.2020 |
Мај 2020 |
39.398 |
26.390 |
20.07.2020 |
Април 2020 |
38.567 |
25.830 |
22.06.2020 |
Март 2020 |
39.437 |
26.422 |
21.05.2020 |
Февруари 2020 |
40.588 |
27.206 |
21.04.2020 |
Јануари 2020 |
41.087 |
27.540 |
20.03.2020 |
Декември 2019 |
39.932 |
26.836 |
20.02.2020 |
Ноември 2019 |
38.319 |
25.787 |
22.01.2020 |
Октомври 2019 |
38.227 |
25.726 |
20.12.1019 |
Просечна исплатена плата во тромесечие по вработен
Месец |
Бруто плата |
Нето плата |
Датум на соопштение од Државен завод за статистика |
Септември 2020 |
40.875 |
27.391 |
20.11.2020 |
Август 2020 |
40.605 |
27.210 |
22.10.2020 |
Јули 2020 |
40.043 |
26.826 |
21.09.2020 |
Јуни 2020 |
39.359 |
26.363 |
20.08.2020 |
Мај 2020 |
39.138 |
26.217 |
20.07.2020 |
Април 2020 |
39.537 |
26.490 |
22.06.2020 |
Март 2020 |
40.369 |
27.055 |
21.05.2020 |
Февруари 2020 |
40.536 |
27.194 |
21.04.2020 |
Јануари 2020 |
39.775 |
26.718 |
20.03.2020 |
Декември 2019 |
38.823 |
26,115 |
20.02.2020 |
Ноември 2019 |
38.115 |
25.650 |
22.01.2020 |
Октомври 2019 |
37.782 |
25.429 |
20.12.1019 |
Исплати кон вработени според општ колективен договор
-
Дневници за службени патувања во земјата
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмалку 8% од основицата (просечната три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*4 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
НЕ |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
2.191 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
2.177 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
2.146 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
2.109 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
2.097 |
*4: Согласно член 12, став 1, точка 18 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот на трошоци за службени патувања во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Надомест за одвоен живот од семејството
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмалку 60% од основицата (просечната три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*5 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
16.435 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
16.326 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
16.096 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
15.818 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
15.730 |
*5: Согласно член 12, став 1, точка 18 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот за одвоен живот во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Надомест за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавецот
Опис на надоместок |
Се исплаќа во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
ДА, УСЛОВНО *6 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
*6: Согласно член 12, став 1, точка 17 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавецот за износ исплатен во висина до 3.500 денари месечно.
-
Отпремнина за заминување во пензија
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмалку 2 основици (просечна три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*7 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
54.782 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
54.420 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
53.652 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
52.726 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
52.434 |
*7: Согласно член 12, став 1, точка 22 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на отпремнина за заминување во пензија во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Испратнина (Технолошки вишок)
Опис на надоместок |
Се исплаќа зависно од бројот на години поминати во работен однос, но не помалку од 50% од просечната месечна нето плата по вработен |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*8 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци (50% од просечна нето плата) |
|
20.11.2020 - ................ |
13.703 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
13.768 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
13.616 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
13.434 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
13.195 |
*8: Согласно член 97 од Законот за работни односи испратнина за технолошки вишок се исплаќа во зависност од годините работен стаж на работникот и тоа:
- до 5 години работен стаж – во висина од 1 нето плата;
- од 5 до 10 години работен стаж – во висина од 2,5 нето плати;
- од 10 до 15 години работен стаж – во висина од 3,5 нето плати;
- од 15 до 20 години работен стаж – во висина од 4,5 нето плати;
- од 20 до 25 години работен стаж – во висина од 6 нето плати и
- над 25 години работен стаж – во висина од 7 нето плати.
Oсновицата за пресметка на испратнината која се утврдува од просечната нето плата на работникот во последните шест месеци пред отказот не смее да биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот.
-
Надомест во случај на смрт на работникот
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмалку 3 основици (просечна три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*9 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
82.173 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
81.630 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
80.478 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
79.089 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
78.651 |
*9: Согласно член 12, став 1, точка 9 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот во случај на смрт на работникот во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Надомест во случај на смрт на член од семејството во иста семејна заедница
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмалку 2 основици (просечна три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*10 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
54.782 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
54.420 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
53.652 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
52.726 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
52.434 |
*10: Согласно член 12, став 1, точка 9 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот во случај на смрт на член од семејството од иста семејна заедница во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Надомест за претрпени штети од елементарни непогоди
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од 1 основица (просечна три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
НЕ |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*11 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
27.391 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
27.210 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
26.826 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
26.363 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
26.217 |
*11: Согласно член 12, став 1, точка 10 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот за претрпени штети од елементарни непогоди во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Јубилејна награда – за најмалку 10 години работа
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од 1 основица (просечна три-месечна нето плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
ДА*12 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
27.391 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
27.210 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
26.826 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
26.363 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
26.217 |
*12: Согласно Законот за данок на личен доход јубилејна награда се оданочува со данок на личен доход од работа по стапка од 10%.
-
Надомест за непрекинато боледување подолго од 6 месеци при повреда на работа или професионално заболување
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од 1 основица (просечна три-месечна нето плата по работник), на секои 6 месеци за времетраењето на боледувањето |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
ДА*13 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
|
20.11.2020 - ................ |
27.391 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
27.210 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
26.826 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
26.363 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
26.217 |
*13: Согласно Законот за данок на личен доход надоместок за непрекинато боледување се оданочува со данок на личен доход од работа по стапка од 10%.
-
Регрес за годишен одмор
Износ за регрес |
Минимален износ за регрес |
Максимален износ за регрес |
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмалку 40% од основицата (просечната три-месечна нето плата по работник) |
Се исплаќа во износ од најмалку 40% од основицата (просечната месечна бруто плата по работник) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
ДА*14 |
ДА*15 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
ДА, УСЛОВНО |
Износи за исплата по месеци |
Минимален износ за регрес |
Максимален износ за регрес |
20.11.2020 - ................ |
10.956 |
16.365 |
22.10.2020 - 19.11.2020 |
10.884 |
16.428 |
21.09.2020 - 21.10.2020 |
10.730 |
16.256 |
20.08.2020 - 20.09.2020 |
10.545 |
16.043 |
20.07.2020 - 19.08.2020 |
10.487 |
15.759 |
*14: Минималниот износ за регрес е нето износ на кој се пресметува данок на личен доход од 10%.
*15: Максималниот износ за регрес е бруто износ во кој е содржан данокот на личен доход од 10% и е даночно признат расход.
-
Трошоци за исхрана за време на работа – организирана исхрана
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмногу 20% од основицата (просечната месечна нето плата по работник за претходната година) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
НЕ |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*16 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
НЕ |
Износ за исплата во 2020 година |
|
01.01.2020 – 31.12.2020 |
5.043 |
*16: Согласно член 12, став 1, точка 19 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на трошоците за исхрана за време на работа во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
-
Надомест на трошоци за храна и превоз за волонтери
Опис на надоместок |
Се исплаќа во износ од најмногу 15% од основицата (просечната месечна бруто плата по работник за претходната година) |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
ДА |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*17 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
НЕ |
Износ за исплата во 2020 година |
|
01.01.2020 – 31.12.2020 |
5.617 |
*17: Согласно член 12, став 1, точка 15 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот на лицата волонтери во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Надоместот на трошоци за храна и трошоци за превоз до и од местото на волонтирање е право на волонтерите утврдено согласно член 10 став 2 од Законот за волонтерство.
За лицата ангажирани како волонтери кои вршат практична работа, друштвата имаат обврска да пресметаат и платат придонес за пензиско и инвалидско осигурување врз основа на повреда на работа и професионална болест во висина од 4% од просечната нето плата објавена во Републиката за тековниот месец, во согласност со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
-
Придонеси за доброволно пензиско осигурување за вработени - трет пензиски фонд
Опис на надоместок |
Се исплаќа во висина од две просечни месечни бруто плати објавени во јануари во тековната година |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
НЕ |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*18 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износ за исплата во 2020 година |
|
01.01.2020 – 31.12.2020 |
76.638 |
*18: Согласно одредбите на член 12 став 1 точка 36 од Законот за данок на личен доход, данок на доход не се плаќа на уплатен придонес во доброволен пензиски фонд за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто-плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Согласно одредбите на член 9 став 1 точка 5 од Законот за данокот на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.
-
Уплатена премија за животно осигурување
Опис на надоместок |
Се исплаќа во висина од две просечни месечни бруто плати објавени во јануари во тековната година |
Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот |
НЕ |
Плаќање данок на личен доход |
НЕ*19 |
Плаќање придонеси |
НЕ |
Плаќање данок на добивка |
ДА, УСЛОВНО |
Износ за исплата во 2020 година |
|
01.01.2020 – 31.12.2020 |
76.638 |
*19: Согласно одредбите на член 12 став 1 точка 35 од Законот за данок на личен доход, данок на доход не се плаќа на уплатена премија за животно осигурување за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто-плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Согласно одредбите на член 9 став 1 точка 5-а од Законот за данокот на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.