Специјалист за пресметка на плати
РСМ Македонија го проширува својот тим во канцеларијата во Скопје и има потреба еден специјалист за пресметка на плати со искуство.
Опис на работно место
- Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од Асистентот и клиентот;
- Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
- Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
- Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
- Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата;
- Помага во процеси поврзани со ИТ;
Критериуми за работно место
- Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование, VII/1 Степен Факултет од општествени науки или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС;
- Претходно работно искуство од 3 години;
- Самостојност во вршењето на работите;
- Познавање на административно работење;
- Одлично познавање на McOffice;
- Одлично познавање на деловен англиски јазик;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став
Добра ИТ подготвеност и искуство од областа на пресметка на плати, ќе се смета за предност.
Вашите апликации ги очекуваме преку линкот во прилог на овој оглас:
Датум на огласот: 28.04.2021
Огласот трае до 10.05.2021 година.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.