Мартина Мазганска
Менаџер во сметководство
Услуги: Сметководство, даночни услуги и советување
Мартина е Менаџер во секторот за сметководство и даноци и е дел од тимот на РСМ Македонија повеќе од 6 години. Како овластен сметководител има искуство во сметководство, даночен консалтинг и финансиско известување. Мартина е одговорна за планирање и спроведување на сметководствената работа, дефинира специфики и врши контрола на книжења. Активно ги користи деловните програми SAP, Odoo, Pantheon и Helix. Како Менаџер, Мартина врши мониторинг во подготовката и воспоставувањето работни постапки и правила, води грижа за успешно спроведување на стандардите, политиките и прописите. Мартина го обучува, менторира, координира и контролира тимот и на јасен и концизен начин ги делегира задачите со цел да се обезбеди висок квалитет. Прегледува работа и одобрува документација подготвена од страна на другите нивоа на вработени.